Дефект на водоводот предизвика „страсна“ политичка војна во Битола

Мај 26, 2026
Borce Dimitrovski- Gabriela Ilievska Borce Dimitrovski- Gabriela Ilievska

Дефект на водоводната мрежа на улицата „Васко Карангелевски“ во Битола, на самата велосипедска патека денеска предизвика политичка „војна“ меѓу бившата советничката на Поинаку, Габриела Илиевска и секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, а со реакција за ситуацијата се јави и градоначалникот Тони Коњановски.

Се почна од видео изјавата на директорот на ЈКП Водовод, Андреј Гинов кој кажа дека детектиран е дефект на водоводната мрежа на улицата „Васко Карангелевски“, поради кој доаѓа до поплавување на тревните површини и дел од велосипедската патека па мора да се санира. Гинов им се извини на велосипедистите бидејќи извесен период нема да можат да ја користат велосипедската патека на оваа локација, до санирање на дефектот.

 
 

Очигледно инспирирана од дневните новости на ЈКП Водвод со Фејсбук статус се јави бившата советничката Габриела Илиевска, која пред околу три години се спротивстави средства од европски проект да бидат пренаменети за нови велопатеки во Битола, па општината лани ги изгради со сопствени средства. 

Илиевска, со за неа својствен битолски жаргон пишува - „Абе 3 години збораме дека се грабеж т.н европски велосипедски патеки, ама бевме нарекувани кочничари. Вакви се капиталните проекти на семоќниот секретар, кој изиграва градоначалник и газда на градот. 500 000 евра, наши пари потопени се секој ден, кај во Л… (фекалии), кај во кал! Како нешто не напрајвте како шо треба резили едни!“, критикува Илиевска.  

 
Предизвикан од статусот на бившата советничка на Поинаку, возврати секретарот на Општина Битола - Борче Димитровски па вели дека -„бившата советничка во три мандати, предизборен љубител на вело патеки никако да се помири дека Битола конечно станува вело град…дека илјадници битолчани секојдневно се на вело патеките и реконстуираните тротоари на булеварите “Васко Карангелевски” и “Партизанска“.“
 
„Жалам што бившата советничка во нејзиното дефокусирано обраќање на јавноста пишува дека е проблем што се раскопало за да се санира дефектот, но истовремено за неа е проблем и самиот дефект кој ги остави граѓаните без вода.
После 12 години поминати во Советот, очекував дека неуспешната кандидатка за градоначалник на претходните избори знае дека тоа е единствениот начин за санација на дефект на водоводна мрежа. Покажаното непознавање, потврдува дека не станува збор само за кочничари, туку за жал и за генератори на лажни вести со цел градот кој го “сакаат” да биде оцрнет.
Битола со идеи, проекти и работа на терен ја води токму човекот кој ја доби поддршката од граѓаните за втор мандат, како резултат на искрената заложба, посветеност и резултати, Тони Коњановски, зошто граѓаните избраа реализација, наместо кочници, герила акции и видеа со кои се исмева својот град.
За разлика од оние кои сакаат само да негодуваат и да критикуваат, ние како локална самоуправа сме поинакви, посветено работиме за поубава Битола, Битола со современи спортски игралишта, нови училишни спортски сали, паркинзи, Битола град на културата, уметноста и спортот, Битола град на нови инвестиции во индустриските зони…оти Битола е љубов и за неа вреди да се даде се!“, пишува Димитровски во возвратната порака до бившата советничка. 
 
 
 
 
А.Б 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани