2win800x200

Борче Димитровски возвраќа - Во Битола мора да има и инфраструктура и култура

Мај 23, 2026

   Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, преку објава на социјалните мрежи упати реакција по, како што наведе, „неумесни квалификации“ изнесени од страна на советник во Советот на Општина Битола, поврзани со културните настани и развојот на градот.  "Лошо е да се лаже, посебно кога фактите и делата говорат повеќе од зборовите! Во Битола мора да има и инфраструктура и култура!

 
На мојот Фб тајмлајн пред малку се појави спонзорирано видео, каде сосема неумесно, советник кој е член на Советот од далечната 2017 година, во иста реченица го става зборот “фекалии” - (повулгарно изразен, но моето ниво не дозволува истото да стои тука) и зборот “култура”. Причина е секако девалвација на се што се случува во нашиот град и што е препознато низ целата држава како позитивен пример и најважно прифатено од публиката и нашите сограѓани - зимскиот фестивал “Зимска приказна”, битолското културно лето “Битфест”, бројните културни манифестации, како и настаните организирани од институции и здруженија на граѓани кои се поддржани од Општина Битола во годишната програма. Поентата на цело видео е опасна финта или т.н замена на тези дека прво требало се да се среди во градот па после да имало култура и уметност?! 
 
Јас најпрво ќе кажам дека граѓаните заслужуваат современа инфраструктура, но исто така и врвна култура и спорт и здравство и образование…односно рамномерен развој на сите полиња на што и посветено работиме како локална самоуправа изминатите 4 и пол години! 
 
Следно е она што е факт што дотичниот советник го избегнува, а тоа е дека наспроти над 900.000.000 денари кои се издвојуваат за инфраструктура за 2026 година, за култура се издвојуваат нешто под 40.000.000 или 22 пати помалку, или вкупно 1.9 % од буџетот на Општина Битола за 2026 година! 
 
Во интерес на коректно информирање на моите Фб следачи, видеото од излагањето ќе го постирам во коментар, за да бидам поинаков од него…Недоличните изрази се одговорност на советникот кој ги користи , додека културниот идентитет на градот според неговото културно-историско минато и сегашните заложби се наоѓа на ниво на топ 5 локации во Европа кои вреди да се посетат, за што неодамна објави и веб сајтот timeout.com. Почитувањето на вредностите на сопствениот град е причина повеќе за да бидеме почитувани во европски и светски рамки.", објави Димитровски. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани