
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавната критика на родителката од Битола Силвана Петрова Насух за укинувањето на насоката Традициски играч и пеач во Државното музичко училиште во Битола, успеа. МОН објави конкурс во кој стои дека насоката е отворена за упис во учебната 2026/2027 година.
Силвана Петрова Насух како мајка на дете кое лани се запиша на насоката Традициски играч и пеач, бурно и аргументирано реагираше на одлуката на МОН годинава да не се објави конкурс за оваа насока, туку на секои две години. Реакцијата на Силвана Петрова Насух, аргументирана и доследна, беше широко прифатена од јавноста и поддржана. По извесен период преписки во јавноста со МОН и министерската за образование Весна Јановска, критиките вродија со плод. Во Битола и годинава децата можат да се запишат на на насоката Традициски играч и пеач во Државното музичко училиште во Битола.
Државното музичко училиште Битола објави-
