2win800x200

Силвана Петрова-Насух и возврати на министерката Јаневска - Паралелка на прескакулица, егзибиционизам во образованиот процес

Мај 05, 2026

 

Родителката Силвана Петрова - Насух од Битола која го отвори прашањето за нераспишување на уписи на насоката Традициски играч-пејач во Државното музичко училиште во Битола во учебната 2026-2027 година возврати на изјавата на министерката за образование Весна Јаневска, која тврди дека дезинформација е дека се укинува фолклорната насока во Средното музичко училиште во Битола, туку дека годинава се прави пауза, па ќе има уписи следната година. 

Силвана Петрова - Насух од Битола вели дека ситуација со фолклорната насока во Битола наликува на егзибиционизам во образовниот процес па го отвора прашањето - Што ќе биде со децата кои оваа година сакаат да се запишат на фолклорната насока во Државното музичко училиште во Битола.  

 

Јавното обраќање на  Силвана Петрова - Насух ви го пренесуваме во целост 

 678969681 122128944015110495 5335126963955987173 n

Осум ученици не можеме да кажеме дека е преголем интерес. ...Ќе изјави денес Министерката за Образование и наука во јавност.
Осум ученици во прва година на запишување е и тоа каков интерес, ако се земе во предвид дека истата насока во Скопје се отвори со помал број на ученици, И БЕЗ ПРЕСКОКНУВАЊЕ ВО КОНТИНУИТЕТ РАБОТИ 25 ГОДИНИ. Честитки за нив од срце.
Интересот и не може да се развие за одредена насока ако вие правите егзибиции со нејзиното постоење ДЕ ЈА ИМА ДЕ ЈА НЕМА, тоа сигурно нема да биде стимул за интерес. Несигурноста во нејзиното постоење ќе го намали интересот и нормално ќе води до нејзино целосно затворање. А од друга страна мошне контрадикторно Министерката вели ... в година ќе има прием на заинтересирани ученици ако воопштоо ги има ( повторувајќи го ова два пати во интервјуто божем закана во зародиш) ...Еве ЗА ОВАА ГОДИНА кажавме дека ги има според нашите првични информации преку 12 заинтересирани ученици - доволно за паралелка а сепак да нема хиперпродукција која пак никогаш не пречела да се истакнат квалитетните кадри. Веројатно оваа насока за Министерката е само бројка и некаква статистика затоа што покажува апсолутно непознавање на спецификата на програмата, а учениците ги брои и рационализира само според бројот на столчиња во училницата. Министерката заедно со луѓето од секторот сметаа дека отворањето на ваквата паралелка е цитирам од денешната нејзина изјава ......значајно да се зачувуваат нашите традиционални музики и нашето национално творештво ......кое така со паузи го негувавме па дојдовме до ова тереџе. Не можете една година да негувате идентитет а в година истиот да го ставите на стенд-бај, барем не во време кога истиот ви го крадат, омаловажуваат, негираат.
Минатата година при запишување во прва година никаде не беше кажано дека има донесена ОДЛУКА дека ова ќе биде експериментална паралелка, или смер на почек...така да оваа година треба да имате за нас родителите и нашите деца запишани во оваа паралелка разбирање за нашиот револт и загриженост. Посебно за децата кои искрено се надеваа дека нивните сценски настапи в година ќе бидат побогати заедно со колегите од втората генерација. Но желбите на нашите млади генерации најчесто ги исполнуваат други држави...жално. Сега кога музичко училиште опреми сала и набави инструменти за традициската насока од друга страна се гуши ентузијазмот кој директорката и наставниот кадар го покажаа во огромна мера.
И за крај како новинари ќе беше најпрофесионално ако вашата истражувачка сторија ја завршевте со прашањето ШТО ЌЕ БИДЕ СО ДЕЦАТА КОИ ОВАА ГОДИНА САКААТ ДА СЕ ЗАПИШАТ НА НАСОКАТА ТРАДИЦИСКИ ИГРАЧ И ПЕАЧ ВО ДРЖАВНОТО СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ БИТОЛА?
 
 
677856906 122128943973110495 9075908554605719057 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани