2win800x200

МУЗИЧКО ПАТУВАЊЕ „ОД КЛАСИКА ДО КИНО“ ВО ЈУРОП ХАУС БИТОЛА

Мај 05, 2026
ЈУРОП ХАУС БИТОЛА ЈУРОП ХАУС БИТОЛА

Месец мај е посветен на одбележувањето на Денот на Европа, преку настани што ја слават културата, заедништвото и вредностите што нè поврзуваат. Под слоганот „Наша Европа“, мрежата на Јуроп хаус низ земјата и оваа година создава простор за средби, креативност и споделување на европскиот дух.

 

15

На 4 мај 2026 година, во Јуроп хаус Битола беше отворена програмата за одбележување на Денот на Европа. Прославата започна со завршниот концерт на априлскиот курс на Институтот FAMES, насловен „Од класика до кино“.

На почетокот на настанот, заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау, и министерот за европски прашања, Беким Сали, ја истакнаа важноста на Денот на Европа и улогата на музиката како еден од најсилните начини за поврзување на луѓето. Тие порачаа дека европскиот дух значи заедништво, солидарност и поддршка едни за други.

Вечерта понуди музичко патување низ класичната и филмската музика. Под раководство на диригентот и ментор на програмата, Ерик Хансен, концертот ја претстави заедничката работа на младите уметници преку репертоар што поврза различни музички епохи и стилови.

Во првиот дел од концертот, насловен „Апсолутната музика во киното“, оркестарот изведе композиции од Феликс Менделсон, Ралф Вон Вилијамс и Сергеј Прокофјев. Во вториот дел, „Модерниот наратив“, публиката уживаше во дела од Дарио Маријанели, Пјетро Маскањи, Џон Вилијамс и Џорџ Гершвин.

Секоја композиција ја долови идејата на концертот: да покаже како класичната музика и филмската уметност се надополнуваат и создаваат силно уметничко искуство.

Концертот „Од класика до кино“ остави впечаток на вечер исполнета со емоција, уметност и инспирација. Настанот беше убав почеток на мајската програма посветена на Денот на Европа.

Ова е првиот од низата настани што ќе се одржат во повеќе градови во текот на мај. Програмата продолжува со уште многу креативни и инспиративни содржини, преку кои публиката ќе може да ја почувствува пораката „Уживај ја Европа во твојот град“.

Благодарност до:

Општина Битола

КИЦ Битола 

 

684830702 17988954521970909 8692061936806274951 n

683810669 17988954488970909 1571361382826720979 n

683590337 17988954479970909 873014728847635224 n

681857333 17988954533970909 1678209732260475341 n

684585219 17988954542970909 5516276119647515939 n

683816455 17988954569970909 5956253374004051717 n

684166500 17988954551970909 2780519794874472176 n

684269810 17988954560970909 1328091703992964351 n

682249621 17988954470970909 3308536963428647812 n

683470026 17988954497970909 3419690431933573186 n

684266462 17988954584970909 6569986961420338808 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани