
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јуроп хаус Битола продолжува да го одбележува Денот на Европа преку програма што ги поврзува младите, културата и заедничките европски вредности.
Во тој дух, на 14 мај во 19:00 часот, пред Големото плато на Офицерски дом во Битола, публиката ќе има можност да ја ужива Европа со музика.
Вечерта ќе започне со DJ сет на Dejan Dex – препознатлив по својот внимателно одбран звук и уметноста да создаде добра атмосфера.
На сцената ќе настапи Funk Shui – еден од најавтентичните современи македонски бендови, единствени по својот спој на алтернативен звук, искрена лирика и звук што го носи потписот на една урбана генерација.
Придружете ни се заедно да ја почувствуваме и уживаме Европа низ музика – да го славиме она што нè поврзува.




Благодарност до:
Општина Битола
https://www.facebook.com/share/p/1BfTLdW9pQ/
https://www.instagram.com/p/DYCAlFQiiHH/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA==

