
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јуроп хаус Битола го одбележа Денот на Европа со музика. Современиот македонски звук и европскиот дух се споија во едно незаборавно музичко искуство.
На 14 мај 2026 година, бројна публика славеше европски вредности, младинска енергија и културно поврзување. Европската енергија беше споделена токму таму каде што сме, во локалниот простор што го оживуваме заедно.
Настанот беше дел од мајската програма преку која мрежата на Јуроп хаус, под слоганот „Наша Европа“, низ земјата продолжува да создава простор за заедничко славење на идејата за поврзана и отворена Европа.
DJ сетот на Дејан Декс, со својот музички избор создаде одлична атмосфера и ја воведе публиката во енергијата на настанот.

Концертната вечер започна со поздравно обраќање на амбасадорот Михалис Рокас кој им посака добредојде на присутните и го отвори одбележувањето на Денот на Европа во Битола.
Главниот дел од програмата беше концертот на Фанк Шуи, еден од најавтентичните современи македонски бендови. Со својот препознатлив алтернативен звук, искрена лирика и силна сценска енергија, бендот приреди концертно доживување што ја воодушеви публиката. Алтернативниот звук на Фанк Шуи, надополнет со длабока и непосредна лирика, создаде моќна и енергична атмосфера. Музиката, која зборуваше на јазикот на младите генерации, од просторот направи една урбана и европска приказна.
Настанот потврди дека Денот на Европа е можност вредностите на единство, солидарност и заедништво да се живеат преку културата, музиката и споделените моменти. А, публиката ја почувствува пораката „Уживај ја Европа во твојот град“.








