2win800x200

Битолчанецот Дарко Спировски освои трето место во фрлање копје на отворено првенство на Србија во пара атлетика

Мај 15, 2026

Битолчанецот Дарко Спировски освои трето место во фрлање на копје на отворено првенство на Србија во пара атлетика „Србија Опен 2026“, што се одржа во Крушевац. 

На првенството настапија натпреварувачи од 7 држави и тоа од: Србија, Северна Македонија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Хрватска, и Босна и Херцеговина.  
Нашите спортисти ги постигнаа следните резултати и пласмани:
 
-Дарко Спировски од Битола, класа Ф44: копје 23,04 (3 место), ѓуле 7,33м (5 место), диск 20,72 (6 место);

 

Спировски е вработен во ЈП Паркинзи Битола - „Честитки за успехот на нашата Репрезентација на отвореното првенство на Србија во пара атлетика Србија опен 2026 на кое нашите натпреварувачи освоија две трети места во конкуренција од 7 Балкански Држави. Честитки за нашиот колега Дарко Спировски за освоеното трето место во фрлање на копје. Твоите успеси се и наши успеси а твојата радост е и наша радост. Најискрено тебе и на целата Репрезентација Ви посакуваме уште многу успеси понатаму во годините кои следат а истовремено сме и горди што си наш колега.“ 

697792430 27941453225444990 2567318978937488571 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани