2win800x200

Бојкоски - Ќе се носи нов Деловник за работа на Советот на Општина Битола

Јануари 12, 2026

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски најави нов Деловникот за работа на Советот на Општина Битола. Бојкоски вели дека ќе се работи на отстранување на сите недоречености во Деловникот и ќе подобри транспарентноста и работата на Советот. 

_Продолжуваме со реформи, ред и професионалност во Советот на општина Битола.
Денес со Борче Димитровски секретарот на Општина Битола и Одделението за правно-нормативни административни и општи работи одржавме координативен состанок.
Започнуваме со сериозна и темелна подготовка за донесување на нов Деловникот за работа на Советот.
Целта е јасна модерен, функционален и ефикасен Деловник за работа, со целосно отстранување на сите недоречености и подобрување на транспарентноста и работата на Советот во интерес на сите.
Во текот на месец јануари, предлог-деловникот ќе биде доставен до сите советници, со цел да биде разгледан и дополнет со предлози од сите советнички групи а потоа и усвоен, објави претседателот на Советот Бојан Бојкоски. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани