
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската полиција ги идентификува тепачите на момчето од Могила кое во саботата ноќта беше нападнато пред ноќен клуб во Битола, лоциран на улицата „Партизанска“. Момчето од Могила имало повреди на лицето и психички трауми.
Според полицијата, станува збор за тројца млади лица кои ноќта го нападнале дваесет и едно годишното момче.
Полицијата не соопшти иницијали и години на тепачите, но за АПЛА.мк потврдува - „Сторителите се пронајдени, станува збор за три лица, за истите ќе следува соодветна пријава“, соопшти Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Натепаното момче од Могила по нападот од трите лице, било однесено во Битолската клиничка болница да побара лекарска помош. Од болницата во Битола за АПЛА официјално изјавија дека момчето било прегледано на одделот за Максилофацијална хирургија и на Психијатрија.
„Пацинетот е прегледан на Одделот за Максилофацијална хирургија каде се констатирани нагмечувања на лицето. Потоа е прегледан и на Одделот за Психијатрија поради стрес“, соопштија од Битолската клиничка болница за АПЛА.
Очевидци на инцидентот за АПЛА раскажуваат дека доцна во ноќта пред клубот на улица „Партизанска“, тројца млади од Битола, добро познати на помладата битолската популација, наеднаш се нафрлиле со тупаници и клоци врз момчето од Могила кое во тој момент стоело пред клубот со женско лице. Тепачите удирале по главата и телото, додека други лица околу нив гледале и не реагирале. Момчето било соборено на земја и повторно удирано, иако воопшто не возвратило на нападите на тепачите.
Неофицијално момчето работело во кафетерија на Широк Сокак, поврзана со сопственицштвото на клубот. Инцидентот бил снимен на камери од објектот, снимките најверојано ќе послужат околу расчистување на случајот.
СВР Битола вчера официјално соопшти - На 11.01.2026 во 05.35 часот во СВР Битола, Д.Д.(21) од Општина Могила пријавил дека пред ноќен клуб лоциран на ул. „Партизанска" во Битола бил физички нападнат од неколку лица по што му биле нанесени повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
А.Б
