2win800x200

Кривично ќе се гони битолскиот полицаец што нападна гостин и обезбедување на ноќен клуб во Битола лоциран кај Ракометното

Февруари 19, 2025

Битолски полицаец кој се однесувал агресивно и нападнал гостин и членови на обезбедувањето во ноќен клуб во Битола, лоциран во близина на Ракометното игралиште ќе одговара за кривично дело „загрозување на сигурноста“. Настанот се случил на 5 јануари годинава, кога четири лица вработени во агенција за обезбедување, а кои биле на задача во ноќниот клуб пријавиле дека полицаецот со иницијали Џ.Р напрво нападнал гостин во клубот, а потоа се пресметал и со обезбедувањето на локалот. 

 

МВР официјално соопшти - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Џ.Р. од Битола - вработен во Одделение за заеднички работи во СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

На 05.01.2025 околу 02.30 часот во ноќен клуб во Битола, пријавениот агресивно се однесувал и се заканувал на едно лице, а при интервенцијата на лица од обезбедувањето, тој се однесувал агресивно и кон нив.

Откако бил отстранет од објектот, исто така, продолжил со агресивното однесување.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка лицето да биде суспендирано од работното место до завршување на дисциплинската постапка, соопшти МВР.

 

Претходно СВР Битола  објави -  На 05.01.2025 во 16.00 часот во СВР Битола, Б.С.(43), Г.С.(49), Т.М.(43) и П.Ј.(44), сите од Битола, вработени во агенција за обезбедување, пријавиле дека во ноќен клуб во Битола, Џ.Р. од Битола физички нападнал гостин во клубот, а откако го изнеле надвор од клубот агресивно се однесувал кон нив и им се заканувал. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани