2win800x200

Легендарниот Анте Костелиќ на средба со градоначалникот Коњановски

Февруари 18, 2025

ЛЕГЕНДАРНИОТ АНТЕ КОСТЕЛИЌ НА СРЕДБА СО БИТОЛСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ТОНИ КОЊАНОВСКИ

 
По 42 години, Анте Костелиќ и неговата сопруга Марица, повторно се во Битола. Денес остварија средба со битолскиот градоначалник Тони Коњановски во неговиот кабинет, при што најмногу разговараа за ракометните успеси на градот во изминатите години.
 
Анте Костелиќ година и пол во тогашно време беше на чело на ракометниот клуб Пелистер, кој од втората лига се префрли во најелитното југословенско клубско ракометно друштво. Заедно со градоначалникот Коњановски, евоцираа спомени од минатото за квалитетот на ракометниот клуб Пелистер, за тоа како неговиот син Ивица за прв пат застанал на скии на Тумбе Кафе и како неговата сопруга Марица играла за ЖРК Пелистер.  Костелиќ го пофали и модерниот ракомет кој што сега го игра Еурофарм Пелистер, а за тоа сведочат и големите домашни и меѓународни успеси на клубот.
 
Градоначалникот Тони Коњановски се заблагодари на посетата на брачниот пар Костелиќ на општина Битола, бидејќи како што тој истакна, чест и задоволство е да се биде меѓу некогашните легенди на битолскиот ракомет, но и да се биде помеѓу родителите, кои покрај спортот, всадиле огромна желба за скијање на нивните деца, поранешните светски прваци Јаница и Ивица Костелиќ.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани