2win800x200

Уапсен 29-годишен битолчанец: возел „бмв“ со брзина од 197 км на час, а било дозволено 80 км на час

Јули 15, 2025

Вчера во 18:10 часот, на автопатот А1 Демир Капија-Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 29-годишниот С.Р. од Битола.

При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило BMW, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.

Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани