
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Официјално СВР Битола соопшти дека во Крушево е приведено лице за злоупотреба на службената положба .
На 15.07.2025 во 13.35 часот пред угостителски објект во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.О.(46) од Крушево. Имено, тој се сомничи дека како вработен во шумското претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик - „злоупотреба на службена положба и овластување” на тој начин што како службено лице одзел нелегално исечени огревни дрва со приколки и ги продал на лице. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.