
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Демирхисарско уапсени тројца мажи од Романија кои на жителите им продавале садови и прибор за домаќинство, а пак овие им платиле со златен накит и пари.
Полицијата соопшти - На 16.07.2025 во 15.30 часот во с.Жван, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Г.Р.(26), Г.М.(47) И Г.Г.(26), сите од Република Романија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама”, казниво по член 247 од Кривичниот законик. Имено, тие во с.Слоештица, демирхисарко, довеле во заблуда неколку жители и им продале наводно брендирани предмети за домаќинство, кои пак за возврат им дале златен накит и парични средства. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.