2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битола меѓу четирите градови каде преку европски проект ќе се менуваат застарените и неефикасни котли во 70 јавни згради

Јули 26, 2023

Шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Дејвид Гир, и директорката на канцеларијата на УНОПС за Македонија, Микела Телатин, преку церемонија на потпишување на договорот за спроведување на проектот, денес го означија почетокот на програмата „ЕУ за чист воздух“. Потпишувањето се реализираше во присуство на Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, Тони Коњановски, градоначалник на Битола, Билал Касами, градоначалник на Тетово како и претставници на градовите Скопје и Куманово. Заедничкото здружување на повеќе чинители има за цел справување со еден од наголемите предизвици на денешнината – загадувањето на воздухот, што претставува еколошки здравствен проблем број еден во ЕУ.

Овој проект ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во државата, особено во градовите Скопје, Битола, Тетово и Куманово, со цел да се намалат ризиците по човековото здравје.

Преку иновативни стратегии и одржливи решенија, Европската Унија е посветена на постигнување почист воздух за сите, поттикнување на поздрави заедници и придонесување за исполнување на целите за одржлив развој на Обединетите нации. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека, очекува со овој проект да се постигнат големи резултати во подобрувањето на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола:

„Општина Битола и понатму ја продлабочува соработката со Европската унија. Пред 5 месеци со отворањето на Куќата на Европа, започнавме со создавање на нов простор во кој младите ќе можат да учат од искуствата на другите земји, да се надградуват, да ги развиваат своите таленти. Денес, ја продолжуваме соработката  и во делот на животната средина, нејзината заштита и имплементацијата на одржливи решенија кои ќе придонесат за подобрувње на квалитетот на воздухот во четирите општини кои сме дел од овој проект, а кои низ спроведување на одредени активности можеме да придонесеме за намалување на аерозагадувањето. Во Битола веќе се реализира проектот за зголемена енергетска ефикасност на колективните згради, но тука секако дополнително многу може да се направи преку реализација на проектите за топлификација и гасификција, подобрување на начинот на греење на јавните објекти, начинот на транспорт, соодветното планирање на просторот и друго. Ова е уште една можност, заеднички на локално и централно ниво, да направиме многу повеќе за средината во кои живееме, за што имаме отворени врати за поддршка од Европската унија, за што потврда се повеќе реализирани проекти, но и оние кои ќе следуваат, вклучувајќи го и проектот за изградба на велосипедски патеки во Битола. Сакам да му се заблагодарам на Амбасадорот Гир за одличната комуникација и отворените можности и силно верувам дека на овој начин, во понатамошниот период, заеднички ќе покажеме уште многу големи резултати, од кои најголемиот бенефит ќе го има, секако Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Во следните три години проектот ќе работи на подобрување на квалитетот на воздухот во четирите поголеми градови, Скопје, Битола, Куманово и Тетово, преку намалување на емисиите на штетните загадувачи како PM2,5 и PM10, а проектните активности се насочени кон намалување на загадувањето кое доаѓа од старите системи за греење.

Преку проектот ќе се заменат застарените и неефикасни котли во 70 јавни згради низ четирите градови, на површина од 200.000 м², ќе се делува и кон намалување на загадувањето што произлегува од јавниот превоз, а ќе бидат засадени и шест илјади садници во Скопје, Битола, Тетово и Куманово. Ова не само што ќе ги намали нивоата на јаглерод диоксид, туку и ќе се бори против честичките додека се зголемува природната привлечност на овие региони.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани