2win800x200

Во тешка сообраќајка загина Љупчо Бучукоски вработен во ЦУК Битола

Март 06, 2026

  Центарот за управување со кризи објави дека вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, животот го загубил нивниот колега, Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола.

Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упатува искрено сочувство до семејството Бучукоски. Драг Љупчо, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Битола и Демир Хисар секогаш кога тоа беше потребно. Денес, кога се простуваме од тебе, со тага но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста, објавија од ЦУК.

 

СВР Битола информираат дека во 12:20 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки излетало од патот на местото викано Крбла.

 
Во несреќата на лице место починал возачот Љ.Б. (52) од селото Жван, демирхисарско. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Демир Хисар. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани