2win800x200

Доц. д-р Борче Грамбозов член на Изборното тело за наставно-научни звања на Богословскиот факултет при Националниот и Каподистриски Универзитет во Атина

Март 10, 2026
Доц. д-р Борче Грамбозов Доц. д-р Борче Грамбозов

Битолчанецот Доц. д-р Борче Грамбозов е избран за член на Изборното тело за наставно-научни звања на Богословскиот факултет при Националниот и Каподистриски Универзитет во Атина.

„На заедничка седница на Собранието на Отсекот за Социјална теологија и Религиологија и на Изборното тело за спроведување постапка за избор за пополнување на едно место за член на наставно-научниот кадар во звањето доцент, со научна област „Догматика“, при Катедрата за Религиологија, Философија и Социологија на Богословскиот факултет при Националниот и Каподистриски Универзитет во Атина, како редовен член на Изборното тело учествуваше и доц. д-р Борче Грамбозов, професор по Догматика на Православниот Богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

viber image 2026 03 07 11 49 01 256

Останатите членови на Изборното тело беа:

  • д-р Николаос Ксионис, ред. проф.
  • д-р Јоанис Курембелес, ред. проф.
  • д-р Елени Јанакопулу, вонр. проф.
  • д-р Емануил Карагеоргудис, ред. проф (декан).
  • д-р Василиос Гаитанис, ред. проф.
  • д-р Евстатиос Лианос-Лиантис, вонр. проф.
  • д-р Хараламбос Вендис, вонр. проф.
  • д-р Христос Филиотис-Влахавас, вонр. проф.
  • д-р Јоанис Кроитору, ред. проф.
  • д-р Порфириос Георги, ред. проф.

 

Теологот Грамбозов е роден во Битола, завршил средно образование во Македонска православна Богословија „Свети Климент Охридски„ во Скопје. Дипломирал на Православниот Богословски Факултет „Свети Климент Охридски„ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје.

Во Училиштето за новогрчки јазик при Аристотеловиот Универзитет во Солун се стекнал со меѓународен сертификат за познавање на грчки јазик на ниво B2 (со студиите напредува во грчкиот јазик до ниво C2).

Магистрирал на Солунскиот Богословски Факултет при Аристотеловиот Универзитет, на катедрата за Догматика, со просек 10 (десет), откако го одбранил магистерскиот труд на грчки јазик, со наслов: „Догматските термини во Никејскиот и Константинополскиот Символ на Верата“, под менторство на професорката д-р Деспо Лаљу, една од најзначајните теолози во 21 век во православното христијанство.

Докторирал на Солунскиот Богословски факултет при Аристотеловиот Универзитет, на катедрата за Догматика, каде што ги завршува студиите со одличен успех, откако го одбранил докторскиот труд на грчки јазик, со наслов: „Откровението на Троичниот Бог врз основа на единството на Стариот и Новиот завет според отците на четвртиот век“, под менторство на професор д-р Христос Филиотис-Влахавас.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани