2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се утврдуваат причините за смртта на битолчанецот кој почина во самоизолација

Март 31, 2020

Се уште не се знае која е причината за смртта на битолчанецот кој вчера беше пронајден мртов во својот дом на улицата „Димче Лахчански“ во Битола. Неофицијално сега починатиот маж на возраст од шеесетина години бил во двонеделна самоизолација откако неодмна, како што велат соседите, се вратил од Англија. Тие тврдат дека човекот живеел сам, но, немал здравствени проблеми. Поради тоа што не одговарал на повиците на роднините, тие повикале полиција. Од починатиот е земен брис, за да се утврди дали причина за смртта е КОВИД 19 или нешто друго.

За да се обие вратата од станот, биле повикани  битолските пожарникари, но, одбиле да влезат во станот  на починатиот затоа што немале соодветна опрема. Откако  со асистенција на полицијата била повикана друга служба, вратата била обиена. Соседите раскажуваат дека медицински тим облечен во скафандери заедно со полицијата влегле во станот.

-Слушнавме дека умрел некој, ние сме подлаеку, не знаеме. Видовме дека излегуваат влегуваат луѓе. Видовме луѓе во бело облечени и полција, а потоа го извадија починатиот, рече една сосетка.

Од битолската полицијата потврдија дека вчера по добиена пријава интервенирале во стан на улицата „Димче Лахчански“, каде е пронајдено починато машко лице. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот, соопштија  од СВР Битола.  И од Министерството за здравство велат дека го проверуваат слуачјот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани