2win800x200

Продолжува соработката меѓу Општина Битола и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство“

Март 09, 2026
ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО-ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО
Градоначалниникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателката на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, Марина Крстиќ денеска имаа средба со извршната директорка на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство“, Елена Димушевска, на која се разговараше за продолжување на досегашната соработка и овозможувањето поголема грижа за жртвите на семејно насилство.
649179881 957031936679688 8809428474205367685 n
Општина Битола продолжува да обезбедува континуирана финансиска поддршка од 1 милион денари за советувалишниот центар за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство, се со цел непречено функционирање на центарот, каде што жртвата добива психолошка поддршка, кариерно советување и правна помош.
Националната мрежа „Глас против насиство“ ја има обврската за раководење со советувалишниот центар согласно стандардите за работа на советувалишните центри за жртви на семејно насилство усвоени од Министерството за труд и социјална политика.
649276307 957031950013020 4454337701503479948 n
 
Денеска го посетија овој центар кој има нова локација на улицата „Пеце Матичевски“ 77/1.
Инаку Општина Битола има програми за спречување на родово-базирано насилство, како дел од пошироките иницијативи за заштита на жените и децата. Главните мерки вклучуваат едукација и сензибилизација на јавноста, обуки за службениците, како и соработка со НВО и други институции за обезбедување помош и поддршка на жртвите.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани