2win800x200

За седум дена да се исчисти Битола од уличните кучиња, бараат граѓани на мирен протест

Март 09, 2026

Да се исчисти Битола од улични кучиња во рок од 7 дена, и да се однесат на соодветно место, бараат граѓаните кои денеска се собраа пред Општина Битола на мирен протест по инцидентот кога деца од населбата Баир беа каснати од напуштени кучиња со непознати сопственици. На протести беа и членови на семејствата. 

Мукерем Бајрамова, баба на искасаното четиригодишно девојче од инцидентот во петокот раскажа дека кучето само влегло во нивниот двор, девојчето си играло со сестрата кога кучето ја нападанало на лицето, на раката.

„Девојчето има уплав се плаши, раните отворени со крв. Двете девојчиња си играа, кучето го нападна едното дете. Ќе ја тужам општината“, рече бабата.  

Севги Веселовски татко на двегодишното момче кое беше искасано на 6 февруари рече дека  двете деца му настадале од каснување од кучиња скитници, едното лани, другото годинава.

„Детето  за малку ќе умреше, вчера си дојдовме од Скопје бевме на контрола. Детето е искинато на лицето, на врато на ушето... сега е на домашно лекување“, рече таткото.  

Самедин Канановски од невладина организација на Ромите од Битола,  реагира дека општината треба да го реши проблемот со кучињата скитници.

„Поводот за денешниот собир е поради она што се случи во два наврати во Битола. Истото куче нападна две малолетни деца. Комуналец демантира дека не било истото куче, јас ќе кажам од каде знаат кога ние знаеме за кое куче станува збор. Истото куче ги нападна двете дечиња. Денес сме тука да дадеме ултиматум од седум работни дека да ги однесе кучињата на соодветно место. Во спротивно тука ќе застанеме на булевар и ќе донесеме луѓе да јадат ифтар, тука ќе поставиме шатори и нема да можат да влезат вработените на работа, бидејќи не сме сигурни во самите дворови“, рече Канановски.  

Тој реагираше и на коментарите на социјалните мрежи дека намерно се предизвикуваат кучињата за родителите да земат оштета од општината, наратив што го оцени за штетен за Ромите. Апелираше дека кучиња се напуштаа и се оставаат на обиколницата над Битола каде претежно живеат Роми.

Од прифатилиштето за бездомни кучиња во Битола „Хачико“ велат дека - Лага е дека истото куче ги касна двете деца во населбата Баир во Битола.

„Во врска со немилиот настан од петок кога беше каснато малолетно лице, во јавноста се појавија невистинити информации дека станува збор за истото куче кое каснало пред еден месец. Сакаме јасно да потенцираме дека за овој настан постојат сведоци – семејството на детето, кои го посочија кучето инволвирано во случајот. Апелираме до јавноста и до поединци на социјалните мрежи да не шират непроверени и неточни информации. Дезинформациите создаваат непотребна паника и можат да предизвикаат штета и за луѓето и за животните.“

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани