2win800x200

Битола - Четиригодишно девојче нападнато од Кангал напуштено сопственичко куче - Шинтерите итно го заловија

Март 07, 2026

Вчера вечер повредено е четиригодишно девојче во населбата Баир во Битола по каснување од куче. Девојчето има повреди на лицето и телото и е пренесено во Битолската болница. 

649047498 122203758860584406 1495133506666925912 n

 

Кучето е итно заловено и станува збор за мешавина од Кангал. Според „Хачико“ прифатилиште за кучиња во Битола кучето е напуштено сопственичко куче и е заловено во стар напуштен објект во близина на домот на девојчето. 

За повреденото девојчето на Фејсбук се огласи вујкото Сафет Бајрамов кој јавно побара помош од шинтерската служба да го залови кучето.    

„Денес во дворот влезе куче скитник и ми го нападна четиригодишното внуче“, објави Бајрамов.

70c0c521 fb3e 47f7 81ee add31ac3f22f

 

Од „Хачико“ информираат дека заловено е напуштено сопственичко куче за кое сопственикот не е познат и кучето е под ветеринарен надзор, а информирани се и надлежните институции. 

 

„По добиена пријава за каснување, шинтерската служба веднаш излезе на терен и кучето е успешно заловено во напуштен објект во близина на местото на настанот.
Станува збор за куче – мешавина од Кангал, односно напуштено сопственичко куче за кое сопственикот не е познат.
Кучето е транспортирано во прифатилиште, каде ќе биде ставено под ветеринарен надзор и опсервација согласно предвидените процедури.
Случајот е пријавен во АХВ и МВР, а надлежните институции ќе постапуваат согласно законските надлежности, соопштија од „Хачико“ 
 
646832501 122203758902584406 1349860833087346205 n
 
 
На почетокот на февруари исто така во населбата Баир во Битола, двегодишно девојче беше каснато од куче во близина на семјната куќа.
А.Б  
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани