BV Business Group-Покровител и спонзор и на петтата акција за пошумување на Баир

Декември 07, 2023
Покровител и спонзор и на петтата акција за пошумување на битолски Баир беше BV Business Group која како општествено одговорна групација на компании секогаш ja препознава заложбата за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и помогна во набавката на садниците и активно се вклучија во пошумувањето.
Во садењето активно зедоа учество вработените на BV Business Group заедно со нивните дечиња. 
Нема достапен опис.
На 3ти Декември се одржа петтата по ред акција за пошумување на ридот Баир организирана од граѓанската иницијатица Зелен Баир и Center for European Development and Integration
 Во овогодинешната акција 50-тина учесници од сите возрасти засадија 500 зимзелени садници од црн бор на потегот над црквата Св. Четириесет Маченици во месноста Кркардаш.
Нема достапен опис.
Во изминатите 4 години беа засадени повеќе од 1000 садници од кои дел веќе се адаптирани и го разеленуваат просторот. Со денешната акција беа заменети и пополнети празнините во новиот појас шума кој го создаваме и пошумувањето се прошири во делот на падината под репетиторите.
Нема достапен опис.
Главната цел на иницијативата која во 2019 започна како граѓанска акција поддржана од Forum-CSRD / Форум-ЦСИД е обновување на опожарениот зелен појас што ќе води кон подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, ублажување на ефектите од климатските промени и создавање на нов простор за рекреација на битолчани.
Дополнително значење на акцијата и дава тоа што преку неа секоја година најмладите кои со своите родители се дел од акцијата се учат за природата и заштита на животната средина и ја развиваат навиката и свеста за потребата од садење и заштита на дрвата и шумите.
Нема достапен опис.
Нема достапен опис.
Нема достапен опис.
Нема достапен опис.
Нема достапен опис.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани