2win800x200

Младите во Битола мора да се поттикнат кон активно вклучување во енергетската транзиција преку ивестиции во обновливи извори на енергија

Декември 08, 2023

Студентите и младите професионалци од информатичките и техничките науки можат да играат клучна улога во енергетската трансформација и праведната транзиција во Битолскиот Регион. Модерните технологии во енергетскиот сектор, осоебно оние поврзани со развојот на граѓанската енергија како концепт, се неизбежно поврзани со развој на нови технолошки и софтверски решенија за производство на енергија и топлина.

На 6 декември 2023 година беа одржани два настани во Битола на тема Модерни системи за одржливо загревање на домаќинствата во Битола каде што беше презентирана Анализата на алтернативи на централното греење базирано на јаглен во Битолскиот Регион. Студијата е изработена од Вања Џинлев, асистент и истражувач за енергетика при Федералниот институт за технологија во Цирих, а ја испитува моменталната состојба со греењето во Битолскиот Регион (покривајќи ги општините Битола, Могила и Новаци), и нуди алтернативни решенија со користење на децентрализирани системи за греење.

сфера2

Првиот настан се одржа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола каде што беа присутни дел од студентите при факултетот, а вториот во IT Crowd со млади професионалци од ИТ индустријата. Наодите од анализата коишто беа презентирани на настаните сугерираат дека најизводлива опција за греење би биле фотоволтаичните системи во комбинација со инвертер клима уреди за двата типа на домови: станови и индивидуални куќи. Анализираните можности за греење кои се дадени во студијата се и економски и еколошки одржливи алтернативи за индивидуално загревање. Таа, исто така, нуди конкретни препораки и за индивидуални домаќинства, како и за здружување на граѓаните и општинските институции во т.н. енергетски заедници.

СФЕРА6

Понатаму, беа презентирани и различни технологии и решенија за воспоставување на централно греење базирано на обновливи извори на енергија од страна на Наташа Ковачевиќ, Координатор за централно греење на Западен Балкан од CEE Bankwacth Network. Дискусијата главно беше фокусирана на можностите за одржливо загревање на домаќинставта во Битола, како и улогата на младите во процесот на праведна транзиција на регионот зависен од јаглен.

сфера3

Граѓаните можат да играат клучна улога во енергетската трансформација на било која земја, а со инвестирање во сопствената енергетска и финансиска сигурност, да станат активни учесници во енергетскиот систем. Дополнително, младите што се вклучени во техничките и информатичките науки се есенцијални за создавање и спроведување модерни енергетски решенија.

Главен заклучок во однос на бариерите со кои се соочуваат и потребите што ги имаат за активно учество и забрзување на декарбонизацијата на земјата беше потребата од воспоставување на едношалтерски центри на локално, регионално или национално ниво каде граѓаните ќе можат да се информираат за обновливите технологии коишто им се на располагање, како и за мерките за енергетска ефикасност и финансиските стимулации понудени во форма на заеми, грантови итн. Дополнително, нагласена беше потребата од поедноставување на административните процедури, овозможување на лесно здружување на граѓаните во т.н. енергетски заедници, но, и подобрување на електродистрибутивната мрежа за да се овозможи што повеќе граѓани да станат -производители-потрошувачи.

сфера4

Ова се неопходни чекори што мора да ги преземе Северна Македонија за да им овозможи на граѓаните да станат активен дел од енергетскиот систем на земјата и да им го олесни пристапот до чисти извори на енергија за децентрализација на производството на енергија и греење и движење кон постигнување на целите за декарбонизација на земјата.

Настаните беа овозможени од меѓународната мрежа на организации CEE Bankwatch Network во соработка со младинската организација СФЕРА Интернешнал од Битола.

СФЕРА5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани