2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

30 проценти од адолесцентите со симптоми на депресија- Во Библиотеката одржан Форум на заедницата со фокус на менталното здравје кај младите

Ноември 14, 2023

СЗО, со поддршка на Министерството за здравство, во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола, одржа Форум на заедницата на кој жените-лидерки со активности придонесоа за подигање на јавната свест за важноста на менталното здравје кај децата, адолесцентите и младите.

Според последниот попис на населението спроведен во 2021 година, околу една петтина од вкупното население во Северна Македонија го сочинуваат деца и адолесценти, а повеќе од една третина се лица помлади од 30 години.

За менталното здравје на младите нема многу податоци, но постоечките истражувања укажуваат на големи проблеми со менталното здравје од типот на депресија и анксиозност кај децата и адолесцентите, што се должи на фактори како што се сиромаштијата, социјалната исклученост, изложеноста на семејно насилство и стигмата.

Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година.

Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.

Препознавајќи го исклкучителното значење на менталното здравјте на децата и адослецентите, во септември 2020 година, Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпишаа иновативна Заедничка програма за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите за периодот 2020 – 2030 година. Оваа визионерска иницијатива има цел да обезбеди децата и адолесцентите кои живеат во земји што учествуваат во Заедничката програма да доживеат, до 2030 година, намалено страдање и подобрeно ментално здравје, психосоцијална добросостојба и развој. Со цел постигнување на овие цели, Заедничката програма се залага за зајакнување на капацитетот на земјите да спроведат мултисекторски стратегии, засновани на докази и на човековите права, кои треба да обезбедат можности, поддршка и услуги за деца, адолесценти и за луѓето кои се грижат за нив. Освен тоа, Заедничката програма има за цел да ги зајакне видливоста на овој проблем, свеста за него и инвестициите, како на национално, така и на глобално ниво, преку соработка.

Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставуваме соработка со жени-лидерки од одбрани локални заедници и им помагаме да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблемите поврзани со менталното здравје. Целта ни е да им обезбедиме на ангажираните жени-лидерки знаење и алатки и да ги охрабриме да го кренат гласот во средините каде живеат за оваа значајна тема.

Светската здравствена организација, со поддршка на Министерството за здравство, на 13-ти ноември 2023 година, во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола, ги организира овие активности со своите партнери, жените-лидерки од локалната заедница и Здружение за одржлив развој БИОМ од Скопје. Нашите партнерки, жените-лидерки се поддржани од градоначалникот на општината д-р Тони Коњановски.

Во создавањето поволни услови за поддршка на заедницата, клучна е улогата на жените лидерки на локално ниво, кои со организирањето форуми за сите засегнати, ја подигнуваат свесноста за значењето на менталното здравје на децата, адолесцентите и младите лица во Битола. Нашите партнерки од општината се пет жени-лидерки, кои, после соодветната обука од стручни лица, продолжија со организација на форуми во своите заедници и отворени разговори. При нивната посета на ООУ „Св.Климент Охридски“, Битола, каде СЗО спроведува уште една значајна иницијатива – „Училишта што го унапредуваат здравјето“, жените-лидерки лично се запознаа со начинот на кој ги обезбедуваме образованието и добросостојбата на учениците.

Во текот на овој месец, заедно со форумот во Битола, форуми на заедницата се одржуваат и во Крива Паланка, Гостивар и општина Карпош – Скопје.

Денешниот форум ги исполни сите зацртани цели: отворена дискусија меѓу жените лидерки на заедницата за распространетите проблеми со менталното здравје кај децата и адолесцентите; запознавање со стратегии и решенија за предизвиците на менталното здравје на локално ниво; запознавање со ефективните мерки за промовирање на менталното здравје и благосостојба кај децата и адолесцентите и поттикнување на вмрежување меѓу жените лидерки во заедницата за колективно решавање на проблемите во општина Битола.

Овие активности, после успешниот старт годинава, ќе се реализираат и во други селектирани општини и во текот на 2024 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани