АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со концерт насловен „Животот е музика“ Битола чествуваше три години од смртта на академик Георги Здравев, долгогодишен професор по музичко образование на Педагошкиот факултет, диригент и автор на многу книги од областа на музиката. На настанот што на 11 ноември се одржа во Офицерскиот дом во Битола беше презентирана дел од неговата оставштина во областа на музиката: плакати од големи културни настани што ги оргенизирал или на кои учествувал, објавени книгио книги , неговиот прв инструмент, плакатот од опреата „Орфеј и Евридика“ во која Здравев беше дириргент и други експонати поврзани со неговата музичка дејност кои денес се чуваат во Државниот архив - Битола.
„Постојат луѓе кои максимално го искористиле своето постоење во создавање, во постојано надраснување на себе си.Таквите луѓе се градители на нашето општество, на нашата современост... Еден таков, скромен и неважен за себе, а голем по делата и оставштината е академик Георги Здравев, чие мото беше ‘Животот е музика’“, истакнаа од Културно информативниот центар во Битола.
Концертот беше во организација на КИЦ и Државниот архив- Битола во соработка со Државното музичко училиште од Битола. На концертот присуствуваше семејството на Здравав, пријатели, почитувачи на неговото дело и вљубеници во музиката.
Инаку Здравев почина во 2020 година на 82 годишна возраст. Беше долгогодишен професор по музичко образование на Педагошкиот факултет, диригент и автор на многу книги од областа на музиката.Музичка академија заврши во Сараево, Босна и Херцеговина, беше прв магистер и доктор на науки на Факултетот за учители во Битола, каде беше редовен професор до своето пензионирање. Диригент и организатор на повеќе опери и концерти со голем број на познати солисти и оркестри во земјава и странство. Ја изведе првата битолска опера „Орфеј“ во Хераклеја Линкестис Беше автор на повеќе учебници за средно и високо образование и повеќе книги од областа на музиката. Беше академик на Академијата „Платон“ во Бугарија. Добитник на голем број благодарници, признанија и награди, меѓу кои и онаа за животно дело 4-ти Ноември.