2win800x200

На протест на закупецот на „Соколаната“ дојде Коњановски и порача - Гимнастичката сала ќе остане во објектот

Ноември 11, 2023

Мирен протест се одржа денеска пред Општина Битола од закупецот на поранешната „Соколана“, Љупчо Арнаудов и неколкутемина негови поддржувачи од внатрешноста на Македонија, откако Општина Битола му го раскина договорот за закуп на спортскиот објект ДТВ Партизан поради неплатени 7 кирии (200 евра месечно) и заради реиздавање на просторот.

Фирмата ДООЕЛ Џокер Турист има раскинат договор за закуп на спортски објект од 992 м2, познат како ДТВ Партизан, како и дворно место од 8399 м2 и помошни деловни простории кои припаѓаат кон спортскиот објект. За „Соколната“ се води судски спор меѓу закупецот и општина Битола уште од 2018-2019 година за време на бившата локална власт. 

Нема достапен опис.

Арнаудов пред новинарите изјави дека се собрале на мирен протест заради одлуката на општината да му ја одземе салата за гимнастички спортови, напоменувајќи дека  ДТВ Партизан е единствен центар каде се одржуваат државни натпревари по гимнастика. При тоа Арнаудов кажува дека сите кирии ги плаќал на време и дека вложил во салата, за кусо потоа да потврди дека не ја плаќал редовно киријата.

„ Ние секој месец плаќаме кирија, но два месеци по ред не беше платена киријата и тие најдоа начин да го раскинат договорот. Ние бараме да си остани салата на ДТВ Партизан, како што е“, рече Арнаудов. 

Нема достапен опис.

 

Тој кажува и дека смеел да ги реиздава дуќаните кои се во истиот комплекс и дека за тоа земал кирии од по 100 евра за секој еден од трите дуќани. 

„Дуќаните се на ДТВ Партизан со имотен лист и од дуќаните земаме по 100 евра, законски ги реиздаваме оти е со имотен лист, потврдува Арнаудов.

Додека се одржуваше мирниот протест пред Општина Битола дојде градоначалникот Тони Коњановски и објасни пред присутните зошто се раскинува договорот напоменувајќи дека гимнастичката сала останува на гимнастичарите.

„Општина Битола го поддржува спортот и овде спорот е меѓу општината и правно лице што го користи објектот. Со гимнастичката сала ќе стопанисува општина Битола и таа ќе се користи за гимнастика, тоа не е проблем. Проблем е ако  закупецот не ги почитува условите и не плаќа кирии. Некој да стопанисува со јавно и општествено добро а да не ги почитува условите од договорот не е законски“, рече Коњановски

За реиздавањето на дуќаните од страна на закупецот Коњановски кажа дека „Општина Битола смета дека не треба да се прави бизнис со објектите на општината“, и дека ова правило  важи и за трафиките и за другите објекти во владение на градот. 

„Затекнавме хаос во кој секој можеше она што е општествено, општинско добро да го реиздава и да прави профит, тоа нема да го дозволиме“, рече Коњановски.  

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани