2win800x200

Советот на Општина Битола едногласно додели 1,2 милиони денари на семејството на починатиот спортски работник Зоран Петковски-Петкото

Ноември 14, 2025

Едногласно советниците на Советот на Општина Битола (ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата, Поинаку, Левица, ЛДП, ГРИН, ЗНАМ и ДУИ) донесоа одлука да му се додели 1 милиони и 200 илјади денари на семејството на прерано починатиот советник и спортски работиник Зоран Петковски-Петкото. Предлогот беше инициран од советникот Миле Трајковски.

„Битола покажала дека секогаш била хумана и доделувала средства и на други градови и на други држави. Сакам да му помогнеме на семејството на Зоран Петковски спортска икона во Битола“, рече меѓудругото Трајковски од Поинаку.

Советникот Стефан Тековски од ГРИН, на говорница рече дека Советот покажа како може едногласно да носи одлуки кога му е потребна поддршка некому и така треба да се продолжи во наредните четири години. 

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани