2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

"Со љубов за Битола"-музички маратон и промоција на книгата "Музика" на професорот Стерјовски

Ноември 06, 2022

 Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола,  чии основатели се Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска во соработка  со  Државното  музичко  училиште  и  КИЦ  Битола,    организираше Музички маратон насловен “"СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА".

-Со моќта на музиката, со маратонот - кој е симбол за упорност и издржливост,  музичкото училиште кое е еден од брендовите на нашиот град и кое што оваа година одбележува 75 години од своето постоење, и со здружението  ПИЈАНО  кое  постои за Битола  и  јасно го  глорифицира епитетот “ Битола, град на клавири “, ние сметаме дека  се одржа настан кој долго ќе се памети, а битолчани ќе имаа можност за едно целодневно културно уживање, велат од Здружемието "Пијано:.

Овој настан започна  со претставување на изведби на млади музички таленти од музичкото училиште, на сите инструменти кои што се изучуваат во училиштето : пијано, виолина, гитара, соло пеење, труба, кларинет, флејта, ударни инструменти, саксофон и.т.н.  Учениците изведуваа  дела  од  различни  класични  композитори  во  времетраење  од  6  часа  и  со  тоа  прикажаа зошто ова училиште има толку долга традиција и потврден квалитет.

Изведувачите беа поделени во 3 блока на изведби со паузи од половина час измеѓу 

Во рамките  на маратонот, се одржа и ПРОМОЦИЈА  НА  КНИГАТА  “Битола Музика”  на  битолскиот  хроничар,  проф.д-р  Александар  Стерјовски. 

Во  книгата  на   360  страни,  се  опфатени Балканскиот  полифоничен  амбиент,  традиционалните  и  европски  инструменти,  битолски инструменталисти, битолскиот музички амбиент, хорови, оркестри, концерти, гостувања, почеток и работа на основното музичко училиште во Битола и др. Ова е осма книга по ред од серијалот “Битолско десеткнижие” и перфектно концепциски се вклопи во целиот настан  “СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА” со што се створи една уметничка симбиоза на пишаниот збор и уметноста, а оваа книга не само што е посветена на  Битола, туку таа е направена намерно и смислено, најмногу со желба да се даде прилог кон одбележувањето на големиот јубилеј на Музичкото училиште “75 години од основањето”.

“... Во отсуство на монографија или посериозен научен труд за него, нека оваа книга биде честиткаи топла благопожелба да продолжи со помали проблеми во работата, со истиот елан и со уштепоголеми  успеси....”  –  запиша  за  да  не  се  заборави  професор Александар Стерјовски.
 
При  промоцијата  на  книгата  медијатор  беше  директорот  на  Државното  музичко  училиште Кирил Стојчевски, извадоци читаше актерот Петар Мирчевски, а промотор беше битолчанецот, проф.Сашо Татарчевски, реномиран диригент и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
 
Целиот настан заврши повторно во духот на музиката со завршен концерт кој што го заокружи овој музички маратон во чест на Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани