АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва во Македонското научно друштво беше промовирана книгата „ИДЕЈНИТЕ ОСНОВИ НА БОРБАТА ЗА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ДРЖАВА 1941-1944“ чиј автор е проф.д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја.
-Се обидувава да направам една анализа на сите идеи на нашите државотворци, за нивната посветеност, дилеми, борби и залагање за создавање на денешната Република Македонија . Во книгата се разработени сите можни процеси кои влијаеле да се стигне до АСНОМ на 2 август 1944. Тоа е исклучително поучно за денешните процеси, потребно е политичка волја и политичка мудрост за да се стигне до определни резултати, во однос на развојот на државата и развојот на нацијата. Во периодот од 1941 до 1944 година, за време на Втората светска војна, може да се следи како се кристализираа сите елементи. Секако никој нема готови решенија. Немаа ниту тие. Но, како течеше борбата се расчистуваа многу дилеми и стигнаа до АСНОМ и создавањето македонска национална држава. Многу е важен уште еден елемент, добро е што се направи сојузништво и бевме на вистинската страна на историјата. За да добиете било што во политиката, потребно е да се определите за правата страна, страната на победниците. Ако ги промашите победниците, сте изгубиле се, а ги погодите, добивите. Нашите партизани беа на вистинската страна на историјата и тоа не смееме да дозволиме да ни го одземат. Иако денес се трудат да кажат дека нешто грешно сме направиле, не е точно. Првапат Македонците и Македонија беа на вистинската страна во една светска војна и затоа денес имаме држава, рече авторот Александра Литовски.
Промотор на оваа книга на Литовски беше проф.д-р Роберто Трајковски, кој посочи дека станува збор историска монографија која е од исклучително значење и меѓу подобрите издадени во последниот период.
Емилија Мисирлиевски