АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со изложбата „Убавините на Пелистер“ на фотографот Петар Ставрев во Фоајето на Центарот за култура во Битола Националниот парк Пелистер одбележана 75 годишнина од прогласивањето на паркот за прв во Македонија, а и на територијата на поранешна Југославија.
„Од голем фонд на фотографии, се застапени 30 преку кои на извесен начин е претставена сета убавина на Националниот парк Пелистер. Направен е избор од сите годинишни времиња, дел со цветни површини, дел со снег , спортски активности... Разновидноста на Пелиетср е позната насекаде и привлечна за посетители од различни држави. Има 88 ендемски растенија кои ги има ретко на други планини, камени реки и услови за безбедно искачување на планината“, рече Ставрев.
Зоран Пројчевски, шумарски инженер во НП „Пелистер“ потсети дека Паркот беше прогласен во далечната 1948 година и е најстар национален парк во Македонија. Се протега на површина од 17 150 хектари, на надморска височина од 891 меатар до 2601 метар. Клучни вредности поради кои е прогласен за нациоанлен парк се глацијалните езера, камените реки и моликата. Моликата на Пелистер гради најкомпаткна шума.
Од животните се јавуваат мечка, волк, дивокоза, срната и рис. Рисот за последен пат е фотографиран преку фото замки во 2013 година, но во последно време планинари и ренџери забележуваат траги кои би можеле да бидат до рис.
„Годинава го имаме ридот во програма за мониторинг со надеж дека повторно ќе го фотографираме и ќе докажеме дека го има на Пелистер“, рече Пројчевски.