
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска во Битола убиена е 31-годишната битолчанка Ајнет Вејсел, мајка на четири деца од страна на нејзиниот сопруг со кого не живееле заедно. Убиството се случило утрово во 6 и 40 часот во населбата Баир на ул. „5-та“. Убиецот е лишен од слобода и се наоѓа во полициската станица во СВР Битола. Станува збор за убиство во кое сопругот на возраст од 33 години е осомничен дека си ја убил сопругата со нож.
Како повод за фемицидот се наведува семејна расправија.
Роднините на убиената велат дека несреќната жена била избодена со нож до смрт и дека од нанесените убоди и немало спас. Сопружниците биле разделени, недоразбирањата меѓу нив биле чести, но жртвата не пријавувала заради децата, велат сега ожалостените роднини.
„Често трпеше насилство, убиецот не можеше да се помири дека го остави и со децата замина кај нејзиниот татко. И велевме да пријави не го стори тоа, и сега еве што се случи.“, велат родини на убиената жена.
ОФИЦИЈАЛНО според МВР
Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Според ОЈО Битола -„Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него обвинителството ќе ја информира јавноста“, стои во соопштението на ОЈО
А.Б
