
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска (08.02.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Д.О.(37) од Битола. Тој се сомничи дека на подрачјето на Битола извршил две тешки кражби, при што одзел повеќе предмети. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Имал украдено метални делови, појачало и звучници од фонтаната кај споменикот Филип Втори и канделабри од Шеталиштето.
Одземените предмети се општински и же ѝ бидат вратени на Општина Битола.
Лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК
за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот
“Fast Forward – „Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”
Денес директорот НП Пелистер, Осман Шукриу, потпиша договор со фирмата изведувач на Адреналинскиот парк, кој се спроведува во рамките на Проектот АВАНТУРА ПРЕКУ ГРАНИЦИ, информираат од НП Пелистер
Поради дефект без парно затоплување остана дел од објектот на градинката „Естреја Овадија Мара“ во населбата Стрелиште во Битола каде покрај клонот „Колибри“ со 120 деца, на вториот кат потстанар е подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ со 60 ученици. Директорката Лидија Тфирст Митревска вели дека ја известила општината веднаш кога се појави дефектот на системот, но се уште ништо не е преземено, па училниците од подрачното училиште се без затоплување, а постои опасност целосно без парно да останат и децата во занималните.