АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Овој четврток, Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола во соработка со здружението Арс Ад Астра од Битола и со поддршка од Гете-институт од Република Северна Македонија, ќе го одбележат 125 годишниот јубилеј од смртта на композиторот Јоханес Брамс. Во концертот насловен како „Омаж за Брамс“, со учество во четирирачни состави ќе настапат пијаниските Татјана Божиновска, Билјана Димовска, Маја Божиновска и Верица Дивитарова, кои во Офицерскиот Дом во Битола ќе ги изведуват ненадминливите класици на композиторот Јоханес Брамс. На програмата се Брамсовите Сувенири за Русија, 16 Валцери оп.39 и Унгарски танци бр. 1,2,4 и 6. Здружението на уметници и педагози Арс Ад Астра од Битола, е основано 2020 година во Битола, од страна на високо професионални музички уметници од истиот град. Поттикнати од желбата да го анимираат нивото на култура во градот и воедно да го придонесат за поквалитететен музички живот, во своето делување пристапуваат со голема посветеност и ревносност во работата. Иако основано неодамна, во своето делување бележи низа значајни настани кои придонеле за афирмација на музичката уметност во градот и докажување на наши врвни локални уметници. Здружението продолжува да ја негува и зачувува долгогодишната традиција за високо квалитетни вредности во музичката дејност на градот на клавирите - Битола.