2win800x200

Потпишан договор со фирмата што ќе го гради Адреналинскиот парк на Пелистер

Ноември 18, 2022

Денес директорот НП Пелистер,  Осман Шукриу, потпиша договор со фирмата изведувач на Адреналинскиот парк, кој се спроведува во рамките на Проектот АВАНТУРА ПРЕКУ ГРАНИЦИ, информираат од НП Пелистер

"Оваа можност е од големо значење за нас како институција, бидејќи со овој парк ќе се зголеми туристичката понуда во НП Пелистер. Туристите ќе можат да уживаат во предизвиците кои ги нуди Адреналинскиот парк. Предвидена е изградба на адреналински парк за деца и возрасни, виа ферата и зип линија", велат од НП Пелистер
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани