-Во пресрет на продолжениот првомајски викенд, вработените од ЈУ Национален парк Пелистер во изминатиот период интензивно работеа на уредување на добро познатите излетнички места. Со нови содржинини за одмор и рекреација опремени се Голема ливада и Мала ливада, детската патека е целосно уредена и изграден е нов мост. Адреналинскиот парк за деца и возрасни во текот на викендот ќе биди во функција. Доброто време во текот на продолжениот викенд, искористете го за убав старт на сезоната за движење на планина и престој во природа, создавање на здрави навики и убави спомени од престојот на Пелистер.
Не заборавајте дека за заштита на природата одговорни сме сите ние, а единствено место за одлагање на отпад во природа е вашиот ранец, велат од НП Пелистер Битола