АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Музејот во Битола се чувствувам како дома зашто често сум тука. Најголем впечаток ми оставија тактилните слики кои можат да се допрат и да се чујат“, рече 12- годишната Барбара Василевска, која има оштетен вид, а денес ја прогласи за отворена изложбата „Музеј за сите- сликите можат да се допрат и да зборуваат“. На изложбата беа промовирани 16 нови тактилни слики кои покрај Брајовото писмо, се придружени со со аудио приказни и видеа на знаковен јазик за артефакти со кои располага Завод и музеј Битола. Сликите содржат и НФЦ тагови кои кога ќе се скенираат со мобилен телефон се добива аудио материјал за делото, а се прикажува и видео на знаковен јазик. Со ова се наменети за лицата со оштетен вид и слух.
„Да се заблагодарам за пристапноста што ни ја овозможивте ова културно наследство да скигне до нас и за рабоилниците во кои активно бевме вклучени“, рече Филип Наумоски ученик од Центарот за деца со оштетен слух и говор „Кочо Рацин“ од Битола. Тој со соучениците подарија цртеж со меузејската зграда и симболот на знаковниот јазик.
Новата изложба е дело на тимот Ирена Ружин и Јове Парговски кои повеќе години преку тактилни слики и примена на модерни технологии се обидуваат битолскиот Музеј да го направат што подостапен за лицата со попречености.
„Голем проблем на светско ниво е непознавањето на Брајовото писмо. На светско ниво само 5 проценти од слепите лица знаат да го читаат, а во Македонија тој процент е 6. Без опис, тактилната слика е бескорисна. Преку НФЦ тагови постигнуваме можност секој да ја разбере. Треба да имаат паметен телефон, се кориси НФЦ технологија која е јавно достапна, тоа е онаа што ја имаме на кредитните картички за бесконтактно плаќање, со самото скенирање на тагот добиваат аудио опис за соодветниот предмет и видео на знаковен јазик“, рече Парговски.
Со скенирање на НФЦ тагот од макетата за Хераклеја можат преку допир, но и со аудио снимка или видео на знаковен јзаик да го прошетаат целиот локалитет. Ружин рече нејзината посветеност да се отвори Музејот за сите, не се должи на обуки и семинари, туку нејзините постојани контакти со лицата со попреченост.
„Во Заводот има преку сто предмети достапни за лица со попречености. Нашата девиза е муезјот да биде 24 часа достапен за сите. Аудио приказните не ги слушаат само луеѓето со проблеми со видот. Видеата на знаковен јазик се монтирани зедно со аудио приказните и со текст. Според статистиката на веб страна и јутјуб каналот на Заводот гледаме дека имаме гочема посетеност, не само во Музејот, туку и во виртуелниот свет“, рече Ружин.
Ж.З.