2win800x200

Почина Зоран Петковски, советник и спортски работник од Битола

Октомври 25, 2025

Ин Мемориам - Зоран Петковски (1978 – 2025)

 Почина Зоран Петковски, советник во битолскиот Совет и познат спортски работник. Петковски беше советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во изминатите 4 години, а во неделата на локалните избори доби нов мандат за советник  во новиот состав на Советот на Општина Битола.
-Со голема тага ја примивме вест за прераната смрт на Зоран Петковски, битолската кошаркарска легенда и човекот кој во животот направи многу за КК Пелистер.
 
Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш....
 
Очекувано, кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“.
 
Битола загуби спортска легенда, 
Сочувство до семејството., објавија од КК Пелистер Битола . Сочувство до семејството испрати и ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола . - Со голема тага ја примивме веста за прераното заминување од овоземниот свет на Зоран Петковски, човек кој остави длабока трага во спортскиот живот на Битола.
 
Како борец за спортот и активен поддржувач на многу спортски иницијативи, Зоран ќе остане запаметен по својата енергија, љубов и посветеност кон градот.
 
Во име на ВМРО ДПМНЕ Битола изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите што го познаваа.
 
Нека ти е светол патот, почивај во мир добар човеку, објавија од ВМРО ДПМНЕ Битола
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани