АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Наскоро, просторот познат меѓу битолчани као Пацио кој се наоѓа во зградата на Завод и Музеј Битола, ќе добие сосема нов лик. Во тек е негова рекоснтрукција во рамките на проектот за прекугранична соработка SMART4YOU2 , финансиран од ЕУ и Министерството за локална самоупрва. Директорката на Завод и Музеј Битола, Мери Стојанова, на ФБ објави фоторграфии како претходно изгледаше Пациото и од градежните работи кои се во тек, со кои целосно се менува овој простор.
-Полека ги одбројуваме деновите до завршувањето на големите инфраструктурни зафати за реконструкција на т.н Пацио во НУ „Завод и музеј“ – Битола. Овој простор кој им е исклучително добро познат на битолчани, а делумно и на пошироката македонска јавност ја доживува својата преобразба во рамките на проектот SMART4YOU2 кофинансиран од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Проектот SMART4YOU2 се спроведува во рамките на Третиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Албанија, 2018-2020. Наскоро Битола ќе добие уште еден одличен простор, во ново руво и уште една културна содржина со која се надеваме дека ќе го оправдаме епитетот, Битола - град на културата, соопшти Мери Стојнова, директор на НУ Завод и Музеј Битола.