АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дури 90 проценти од објеките во Пелагонискиот Регион се непристапни за лица со инвалидност, истакна Д-р Нико Јанков, претседател на Мобилност –Битола на традиционалното дефиле на лицата со попречености низ Широк Сокак што ова здружение го организираше по 17 пат под мотото „До пристапност со универзлаен дизајн“.
Претседателот на здружението Јанков истакна дека во Битола во последните 35 години значајно инситираат состојбите со пристапноста да се подобра, за жал инситуциите не учествуваат со адекватен одговор на нивните барања.
„Се надеваме дека ова ќе ситигне до ушите на надлежните да се направат одредени прилагодувања за да можат да функционираат овие лица. Инаку вака не ќе можат да одат ни на спортски настани, кино, кафана, а да не зборуваме за самите инстуитуции кои не им се прстапни“, рече Јанков.
Софка Прчева, генерален секретар на Мобилност Македонија, додаде дека не е проблемот во законите кои постојат, туку во непочитувањето на Законот за градба и Правилникот за непречен пристап до објектите од страна на институциите.
Во рамки на манифестацијата беше промовирани Прирачник за пристапен туризам кој го изработија експертите за оваа проблематика Ристо Речковски, Иванка Несторовска, Ирена Ружин и Јове Парговски. Претходно беше изработена и Студија за пристапност на Пелагонискиот Регион.
„Увидот во пристапноста на туристичките капацитети и објектите од областа на културата покажа дека голем дел од нив (сопственици/ надлежни) не ја познаваат законската регулатива, голем дел мислат дека се пристапни, а не се според стандардите. Повеќе од 90 проценти изразија подготвеност да научат како да станат пристапни за лицата со попреченост. Проблемот за пристапноста на културното наследтсво е што имаме големи пречки во адаптирање на влезови, тоалети по стандардите. Кај туристичките капацитети големината на објектите и неможноста да се адаптираат“, рече д- Ирена Ружин, член на екипата што ги подготви Прирачникот и Студијата.
Ректорот д-р Игор Неделковски рече дека Битолскиот универзитет е единствениот во Македонија кој во студенсткиот дом има пристапни соби за лица со попречености. Најголемиот дел од факултетите се пристапни само на првите катови каде вообичаено се лоцирани студенстките прашања, па студентите немаат проблем да си ги остварат администратиовните права. Исто така и за полагање на испити се наоѓаат решенија да бидат на првите катови.
„Другите катовите ни се проблем бидејќи немаме средства за лифтови и тука им помагаат колегите во искачување на скалите. Треба да се работи на изнаоѓање средства за да бидат пристапни и другите катови“, рече Неделковски.
Ж.Здравковска