АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Толку е убаво овде. Таква весела атмосфера имаше што отсега ќе се враќам секоја година во Битола. Блиску сум живеам, во Италија, од следната година сум тука“, порача при доделувањето на наградата Специјална златна камера 300 за посебен придонес во филмската уметност лауреатот, ирскиот кинематографер на Шејмус Мекгарви на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“. Тој направи шоу на сцената однесувајќи со пиетет кон стауетката на Манки, глумејќи дека снима со неа, а потоа им позираше на новинарите со неа меѓу публиката. Наградата му ја врачи претседателот на државата Стево Пендаровски, покровител на фестивалот кој рече дека филмската уметност секогаш успева да опстопи дури и во најпредизвикувачки услови.
„Таа секогаш им пркоси на сите економски и општествени контексти кои не се сосема благопријатни за креативното изразување“, рече Пендаровски.
Златната камера 300 од официјалната селекција заврши во рацете на двајцата турски кинематографери Џавахир Сахин и Курсат Уресин за нивната одлична работа во филмот „За сувите треви“. Статуетката им ја додели оскаровецот Питер Бижу, претседател на меѓународното жири.
Сребрената камера 300 жирито ја додели на кинескиот снимател Ченгма Жујан за неговата кинематограферската вештина во филмот „Само реката си тече“. Паоло Карнера за прецизноста во композицијата и визуелните избори што ја поткрепуваат емоционалната обоеност во филмот „Носталгија“ ја доби Бронзената камера 300.
Непосредноста беше белег на церемонијата од завршната вечер на „Браќа Манаки“. Освен шоуто на Мекгарви, спонтаниот Бижу кој им го местеше микрофонот на останатите гости на сцената и директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски го означи крајот на фестивалот пејки ја старата битолска нарона песна „Ајде да одиме во Битола“ со која ги покани сите гости да се вратат в година и да донесат нивни пријатели за семејството Манаки да се шири што повеќе.
„Најмногу сакам тоа што Фестивалот добива духовит карактер во кој смеата и радоста на гостите преовладуваат. Луѓето кои ни доаѓаат како гости толку убаво си поминуваат овде што цела формалност се растура и почнуваме да стануваме една фамилија. Манаки е многу важен дел од културниот иденитет на Македонија. Денес зборував со специјалниот добитник на наградата, вели ако можам да останам. Штета што мора да се вратиме дома. Правиме чудесна дипломатска работа. Дипломатија која е надвор од политичките рамки, која се шири по културниот свет низ жилите на филмот“, рече Дамевски.
Посебно признание жирито му додели на Наум Доксевски, кинематографер на филмот „Домакинство за почетници“ за камерата која има задача да ја води публиката низ хаосот, а притоа да се постигне едноставна видливост.
За кратката програма, Мала камера 300 за сензуалноста пртиказажана преку скулптуларноста ја доби португалска кинематограферка Марта Самоес за филмот „Галебите го параат небот“. Жирито порача в година да се наполнат салите зпри проекциите на документарнитре филмови со повеќе публика. Железната камера 300 за документарен филм ја добија кинематограферите Кристина Мурмири, Јоргос Валсамис, Неритан Зинџирија за грчкиот филм „Светло на светлината“.Железна камера 300 за најдобра кинематограферска работа во долгометражен документарен филм ја доби Каролин Шампетие за „Човекот во црно“, а посебно признание за „Анхел 69“, камерманот Тео Мантоја.
Фестивалот заврши со проекција на македонскиот филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов.
Ж.ЗДРАВКОВСКА