Конечно се постави ограда на дворот на ООУ „Гоце Делчев“ во Битола кој години наназад беше користен за паркинг. Возилата беа оставани пред училишните влезови, кај спортските терени и дворот беше небезбеден за учениците.
-Драги ученици, родители и сограѓани, со желба да обезбедиме поголема безбедност и мир во училишниот двор, поставивме метална порта и го оградивме училишниот двор.
Оваа промена е направена со мисла - децата да имаат сигурно место за игра, рекреација и одмор.
Сите оние кои досега го користеа дворот за паркирање, искрено ги молиме за разбирање и поддршка.
Ве уверуваме дека оваа одлука е донесена во најдобар интерес на учениците и нивната безбедност, исто така напоменуваме дека оваа постапка е во согласност со имотно правните односи на училиштето.
Да покажеме дека сите заедно — наставници, родители и соседи — се грижиме за детството и за вредностите што ги споделуваме.
Дворот е за децата — нека остане нивен простор на радост и раст!
Ви благодариме на разбирањето, објавија од ОУ „Гоце Делчев“ Битола.