2win800x200

Пензионер од Битола земал службени дневници, користел службен телефон и патувал во странство со директорката со службено возило, утврди ОЈО Битола

Октомври 22, 2025

Пензионерот Менде Петровски, поранешен вработен во Средношколскиот дом во Битола, земал службени дневници, користел службен телефон и патувал во земјата и странство со службеното возило на домот, со тогашната директорка Елена Спасеновска кадар на СДСМ, против која ОЈО Битола покрена обвинение за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Фалсификување исправа, како и две кривични дела предвидени во Законот за трансформација во редовен работен однос.

Новинарката Анета Блажевска од „Апла“ и „Независен“ по новинарско истражување за патувањата на директорката и пензионерот со службеното возило пишуваше уште во февруари 2024 година, за дејствија сторени во 2023 година, по што ОЈО Битола отвори истрага уште ланската година, а обвинение поднесе вчера, што значи на Спасеновска ќе и се суди во судот во Битола.

Првично кога новинарката се јави кај пензионерот Менде Петровски, лично тој негираше дека со директорката патувале странство со службеното возило за службени цели, и самиот наведе дека, да, патувале во Албанија и Србија, но со приватни автомобили. 

https://apla.mk/component/k2/item/14368-direktorka-na-drzhavna-institucija-i-penzioner-od-bitola-navodno-odele-so-sluzhben-avtomobil-vo-albanija-i-srbija 

 

Сега во обвинението покренато против екс директорката Елена Спасеновска се потврдува дека пензионерот Менде Петровски, инаку правник по професија, по пензионирањето, иако е спротивно на законот, патувал со службеното возило „голф“, и натаму го задржал службениот телефон, а сметките ги плаќал Средношколскиот дом со што предизвикал штета од околу 2.300 евра. 

 

ОЈО Битола потврди - „Со продолжените злоупотреби на службената положба во текот на 2022 и 2023 година, обвинетата, на еден работник му овозможила неоснована исплата на надоместок за неискористен дел од годишен одмор, а по неговото пензионирање му исплаќала дневници и трошоци за наводни службени патувања и му овозможила да продолжи да го користи службениот телефонски број, со што на Ученичкиот дом му предизвикала вкупна штета од околу 140 илјади денари“,стои во соопштението на ОЈО Битола.  

 

Колку пари зел пензионерот Менде Петровски пишуваше и „Апла“ - https://apla.mk/krfica/item/14375-direktorkata-na-uchenichkiot-dom-so-drzhavni-pari-plakjala-penzioner-za-sovetnik

 

Откако „Апла“ почна да пишува за наводните злоупотреби и службените патувања најверојатно тогашната директорка на Средношколскиот дом „Мирка Гинова“ во Битола, Елена Спасеновска, почнала да фалсификува и да креира лажни патни налози. Обвинителството во обвинението и тоа го наведува: 

 

„Кривичните дела – Фалсификување исправа обвинетата ги вршела за да го оправда своето отсуство од установата, составувајќи лажни патни налози согласно кои со службеното возило патувала во околината на Битола, Крушево, Прилеп или Скопје, иако во тоа време е утврдено дека таа со службениот автомобил ја напуштала државата преку граничните премини Меџитлија, Ќафасан и Ново Село на еднодневни или повеќедневни патувања. Во периодот од 11.05 2022 до 06.12.2022 ова е констатирано во девет случаи. Во 2024 година обвинетата ја преправила во целост третата страница од Записникот на Управниот одбор на Државниот ученички дом, заменувајќи ја во целост содржината во делот на констатациите за службените патувања.“ 

 

Srednoskolski dom DUD Mirka Ginova Bitola

 

За службените патувања на пензионерот Петровски и тогашната директорка Спасеновска лани во јуни кривична пријава поднесе и СВР Битола, а во образложението стои: 

„Пријавената директор на Државен ученички дом во Битола во повеќе наврати заедно со поранешниот секретар на домот ја напуштале државата со приватно возило, а во налозите за користење на службеното возило била евидентирана дека е на работа или на службено патување во државата, потоа реализирала повеќе службени патувања во странство со службеното возило заедно со лица кои не биле вработени во Домот, без одлуки од Управен одбор за нивно одобрување“, соопштија од СВР Битола и се додава:

„Пријавената во четири наврати, и тоа на 20.07.2022, 15.09.2022, 05.10.2022 и од 20.10.2022 до 22.10.2022 година, иако знаела дека секретарот е веќе во пензија, му исплатила дневници за службени патувања во државата и му овозможила да користи службена претплата за мобилен телефон за периодот од јули 2022 до октомври 2023 година, додека за периодот од 01 до 30.11.2022 година му исплаќала пари по основ на договор за дело за вршење на општи и нормативно правни работи и договор за консултантски услуги, а покрај овие имала и други активни договори на дело, со што постапила спротивно на чл. 8 и чл. 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос“, стои во кривичната пријава. 

 

Екс директорката Спасеновска за „Апла“ тврдеше дека патувала во странство, но се било законски. Сега обвиненито на ОЈО Битола го побива нејзиното тврдење.  

https://apla.mk/component/k2/item/14443-direktorkata-na-domot-vo-bitola-priznava-deka-patuvala-so-penzioner-vo-stranstvo-ama-s-bilo-zakonski

 

Екс директорката Спасеновска за пишувањата на новинарката Анета Блажевска, кои сега стојат во обвинението на ОЈО Битола, поднесе тужба до новинарката, а судијата од Основниот суд во Битола, Кирил Јовановски ја осуди новинарката за клевета и одреди штета од околу 2.000 евра, иако укажа на злоупотреби во Средношколскиот дом во Битола.  

Судијата сметаше дека „не е од значење за поинакво одлучување“ што невработен во Домот го вози службениот автомобил во странски држави.

 

 

Текст Анета Блажевска 

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани