АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не само во странство, туку и миграциите во главниот град се главниот проблем пред кој сме исправени, а нашата задача е да ги задржиме младите луѓе дома, рече проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ на денешниот Отрворен ден по повод 44 години од основањето на институцијата.
„Ние денес ги отвораме вратите за заедницата, за заедничкин да придонесеме за разојот за нашиот регион. Ние денес сме исправени пред главниот предизвик на нашето општество- како да ги задржиме нашите млади луѓе сега и тука. Тука во Битола, Прилеп, Кичево, Охрид, Велес, па и во Скопје иако поголемиот дел од нашите студенти и граѓани мигрираат и живеат во Скопје. Тоа е главниот проблем-миграциите.Не само во странство, туку и миграциите во главниот град исто така. Затоа со заеднички напори на универзитетот и заедницата сакаме да направиме клучен исчекор, да докаже дека е тука сме за нашите граѓани, бизнисмени да им помогнеме преку добро образование, да се обидеме да ги задржиме нашите млади сега и тука“, рече Неделковски.
Ако поминале 44 години, ќе поминат 244 години и така натаму со вакви пријатели какви што ги има УКЛО, додаде тој.
Со обединување на капацитетите и ресурсите на УКЛО, јавните институции, Локалниот економско социјален совет на Општина Битола, бизнис заедницата, Регионалната стопанска комора, граѓанскиот сектор и креативците од градот, денес во Битола се организира „Отворен ден“, на кој преку заедничка акција се поттикнува иницијативноста со обезбедување на можности за квалитетно образование, личен и кариерен раст и развој преку користење на програмите за мобилност, неформално образование, програмите за стартапи, можностите за доквалификација и прекфалификација, како и со користење на програмите на институциите и граѓанскиот сектор.
Ректорот Игор Неделковски и градоначалникот Тони Коњановски потпишаа меморандум за соработка со што ќе се овозможи летна за студенти од трети и четврта година во јавните општински претпријатија.
„Успешноста во едно општество се создава само преку заедничко делување на сите релевантни фактори кои имаат за цел да изградат здрави, едуцирани личности, за потоа токму тие млади луѓе да бидат движечка сила за успешната иднина на местото во кое живееме, за иднината на нашиот град.
Токму денешниот настан, претставува едно вмрежување на младоста, искуството, иновативноста, креативноста со можностите и перспективите за напредок. Заедничката заложба на сите нас, кои на различен начин сме вклучени во овој настан, има единствена, но сложена цел: Да обезбедиме силна мотивација, за учениците и студентите, својот интелектуален потенцијал и вештини соодветно да ги насочат и да продолжат да бидат дел од развојните процеси на нашата Битола“, рече Коњановски.
Во рамките на „Отворениот ден“, МКЦ – Битола во соработка со Агенцијата за вработување и Регионалната стопанска комора Битола организира поврзување на бизнис заедницата (промоција на отворени работни позиции) со невработени лица. Овој дел од настанот нуди информација, мотивација и можност за невработени лица од општина Битола да се поврзат, да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании од една страна и компании кои имаат потреба од работници со стручни квалификации, кои нудат слободни работни места. Во овој дел повеќе од 20 компании ќе промовираат повеќе од 100 отворени работни позиции за различни профили на граѓани, преку познатата програма Ден на кариера.