АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола станува прв град на Балканот, а и пошироко, со организирана туристичка понуда за лицата со попреченост. Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен „Мобилност“ и ГАУС Институт – Битола, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември ги промовираа алатките за пристапен туризам, наменети за лицата со попречености. Иработени се табли со туристичка сигналитика за 10 најзначајни културно-историски споменици во Битола наменета за лица со попречености, понатаму апликација за мобилни уреди – туристички водич за Битола за лица со попречености и печатен туристички водич за слепи лица и лица со оштетен вид.
„Тактилна сигналитика која се состои од табли овозможува слепите лица преку допир да прочитаат како изгледа културно –историскиот споменик. Воедно тука е и туристичкиот водич за Битола напишан на Брајово пшисмо со тактилни слики преку кои лицата со оштетен вид можат да прочитаат за културно- историските споменици и трето најсовремена мобилна апликација за паметните уреди преку кој сите лица со попрчености кога се наоѓаат во близина на овие култуно-истоприски споменици ќе добијат зависно од нивната попреченост информација за објектот колку е пристапен, колку ката има, до каде можат да се качат и слично“, рече идејниот творец и проектант на алатките Игор Неделковски, кој воедно е и ректор на Битолскиот универзитет.
„Ова е капитален проект во кој се користат највисоки технологии наменети да им го олеснат животот на лицата со оштетен вид. Радикален чекор напред во остварување на правата на лицата со попреченост. Овие табли ќе бидат поставени на 10 историски споменици во Битола од Хераклеја , Завод и музеј, Офицерски дом, Католичќка црква, Саат кула , Свети Димитрија, двете џамии и Безистенот. Направени се на македонски и грчки јазик со Брајово писмо и со апликации за слушање“, рече Нико Јанков, претседател на „Мобилност“ Битола.
Градоначалникот Тони Коњановски рече дека проектот овозможува пристап до најзначајните културно-историски споменици во Битола, а ова значи уште еден влог за подобрување на можностите на лицата со попреченост а истовремено и поддршка на култнурнно-туристичката промоција на градот и нашите традиции.
„Битола првпат добива туристичка понуда за лицата со попрченост и тоа повеќе алатки за пристапрен туризам. Битола станува прв град на Балканот со организирана туристичка понуда за лицата со попреченост. Ќе овозможиме поставување на новата туристичка сигналитика согласно дополнувањата во програмата за урбанса опрема на одредените десет микролокации“, рече Коњановски.