"Пајакот" главен гостин на свадбата на директорот на "Паркинзи", објави СДСМ, Степановски вели дека случајно поминало и не било изнајмено

Декември 01, 2022

Интегрален текст од изјава на Ивона Трифунов, член на ИО на СДСМ Битола

 

Пеце Милевски од Водовод го води орото во пустењето на парите на битолчани во јавните претпријатија, ама не се многу зад него и останатите директори на претпријатијата во надлежност на Коњановски.

 

Ова е снимка од свадбената веселба на директорот на Паркинзи, а главен гостин пред општина е “пајак” возило од јавното претпријатие.  

 

Колку пари е оштетен буџетот на Јавното претпријатие Паркизи за оваа приватна свадбена веселба?

 

Дали и за колку пари било кој граѓанин можи да изнајми пајак или тоа е привилегија само на директорите од ДПМНЕ? 

 

Гледа ли градоначалникот Коњановски што му се случува во Битола и во јавните претпријатија? 

 

Или не му се гледа од авион оти во градот не е свртен. Небаре е амбасадор, а не градоначалник на Битола. 

 

Дури Коњановски и најблиските околу него шетаат по светот и “калапат” дневници, Битола тони во кал, дупки, вирој и агонија.

 

Единствената промена што ја видоа битолчани за една година власт на Коњановски и ДПМНЕ е јавашлукот кој се врати на голема врата во општината. Од локалната власт на ДПМНЕ незадоволни се и граѓаните и нивните коалиционите партнери. Само една рака луѓе живеат добро во Битола од доаѓањето на ДПМНЕ и Коњановски во општината! Оставки веднаш за да се спречи пропаст на Битола!

Директорот на „Паркинзи“ Горан Степановски демантира дека на сопствената свадба го имал изјамено возилото пајак. Вели дека случајно минувало пред општинската зграда по неговата венчавка, а бидејќи го вози негов колега од претпријатието кога ги видел свадбарите подзастанал. „Најдоговорно твдам дека не беше изјамено возилото“, вели Степановски за Апла.мк 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани