АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пандемијата, повеќе од една година спречи голем број млади парови да ја споделат својата среќа со најбилските и пријателите. За првпат по забраната, министерот за здравство, Венко Филипче, иако со резерва, најави дека е можно да се дозволи органзиирање на свадби, но со утврдени протоколи, ако бројките на заболени продолжат и натаму да се намалуваат.
– Да кажам тоа што сега може да се каже, нешто што има логика да се имплементира од почетокто на јуни. Но, не можам да тврдам. Тоа ќе го евалуира Комисијата. Многу е веројатно да се случи, ако продолжат овие трендови на намалување. Мислам дека маските треба да се носат и понатаму, сѐ уште е рано да се тргнат како мерка. Понатаму, угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, не внатре. Да се дозволат свадби после долго време, со протоколи во однос на пополнетост на капацитет во надворешни услови и евентуално да се излезе во пресрет на барањето за зголемување на бројот на посетители по маса. Сите други протоколи во однос на организација на настани соодветно е да продолжат и понатам. Ако продолжат вака бројките да зборуваме за олабавување, а не за дополнителни рестрикиции. Сите настани со 30 проценти исполнетост на капацитетот во затворен простор и 50 проценти инсполнетост надвор, да продолжат и понатаму, изјави министерот Венко Филипче.