2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Пешачките премини и тротоарите се за деца, не за возила“. Под овој слоган денес и во Битола  започна одбележувањето на Европската недела на мобилност.

Како дел од денешните активности, се вршеше обележување на пешачкиот премин кај О.У. „Трифун Пановски“, а се спроведуваа и едукативни активности на повеќе локации.

Активностите продолжуваат во текот на целата недела, а утре изутрина ќе има времен режим на сообраќај кај хотелот Епинал, кога ќе биде спроведена теренска работилница на отворено, со промоција на безбедни пешачки премини. Ќе бидат реализирани и други едукативно-креативни активности, со цел зголемување на безбедноста преку  едукација и промоција.

Mobilnost 1

Три ученички и две професорки од Основното училиште „Стив Наумов“ од Битола присуствуваат на едукативна средба за заштита на живтната средина што во следните пат дена се одржува во Крф, Грција. Битолчаните се дел од проектот за „Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“ на Еразмус плус програмата, во кој се вклучени и училишта од Италија, Португалија, Романија, Полска и Грција.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани