АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Три ученички и две професорки од Основното училиште „Стив Наумов“ од Битола присуствуваат на едукативна средба за заштита на живтната средина што во следните пат дена се одржува во Крф, Грција. Битолчаните се дел од проектот за „Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“ на Еразмус плус програмата, во кој се вклучени и училишта од Италија, Португалија, Романија, Полска и Грција.
Учениците од училиштето „Стив Наумов“ ќе имаат можност заедно со нивните врсници од другите училишта низ Европа да творат на одредени теми поврзани со здравата животна средина. Темата на работилницата во Грција е загадувањето на водата и како да се заштити.
„Нашите ученици ќе подготват видео за претставување на училиштето и презентации на тема вода и мерки за заштита на водите. Пет дена ќе трае мобилноста и ќе работат интегрирано со ученции од другите партнер земји. Ќе изработат постери и ќе има теренска работа. Проектот значи размена на добри училишни пракси меѓу училишта од цела Европа“, рече професорката по природни науки Силвана Ристевска, координатор на прокетот.
Во негови рамки предвидени се три мобилности и тоа во мај годинава во Полска, во март в година во Македонија, а потоа и во Италија.
„Ние кога ќе бидеме домаќини, темата ќе биде еко градини и органска храна и планирана ни е соработка со локана заедница, претпријатија и невладиниот сектор“, додаде професорката.
Вчера во Основното училиште „Стив Наумов“ се одржа отворен инфо ден за запознавање на родителите и наставницито во врска со прокетот.
Својата еко заложба за поздрава животна средина, училиштето ја покажа и преку еко маршот „Ден со велосипед до училиште“ во кој учениците на школо дојдоа возејќи велосипеди.
„Овој настан го организиравме со цел да се намали загадувањето и да се означи почетокот на еколошките активности од проектот, а во пресрет на 5 март-Светскиот ден за енергетска ефикасност. Учениците со нивните велосипеди тргнаа од градското шеталиште, возеа низ неколку битолски улици и пристигнаа во училишниот двор. Тие на случајните минувачи им поделија флаери и брошури за настанот. За успешна реализација на настанот беше остварена соработка со претставници од МВР кои ги придружуваа учениците и се погрижија за нивната безбедност“, соопштија од училиштето.