2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Алармантно аерозагадување во населбите во поширокото централно градско подрачје, покажа истражувањето на „Геосфера“

Февруари 24, 2018

Населбите во поширокото централно градско подрачје на Битола, како што се Дрвен Пазар, Јенимаале и Ат пазар имаат  екстремно аерозагадување, посебно во периодот после 15 часот, што се поклопува со периoдот на стабилизација на струењето на воздухот (Пелагонија - Пелистер) и потпалувањето на огништата со дрва. Тогаш токсичните ПМ честчки достигнуваат највисоки концентрации.  Во истражувањето што во изминатите три месеци го спроведе географското друштво Геосфера, во градот се регистрирани два алармантни реони на аерозагадување.

-Едниот во околината на основното училишта Даме Груев и градинката “Пролет“, каде се идентификувани пекари, текстилна фабрика и домаќинства кои што вршат аерозагадување. Другиот реон е лоциран на горен Баир,  покрај обиколницата, каде е забележано масовно палење на отпад на отворено, палење на кабли итн, изјави Мите Ристов, претседател на регионалното географско друштво Геосфера-Битола

geosfera2

Во проектот учествуваа и граѓаните кои преку апликација на мобилен телефон имаа можност да пријават аерозгадувачи. Идентификувани се 145 аерозагадувачи, врз основа на кои што е изработена Интерактивна карта на Гугл мапс. Во текот на истражувањето Геосфера  изврши  6 мерења на ПМ 10 честичките на 13 локации  во и надвор од градот, со цел да се утврди од каде доаѓа аерозагадувањето. Најзагаден ден оваа зима бил 26 декември, 2017 кога биле измерени концентрации од скоро 700 микрограми суспендираната прашина на метар кубен, 14 пати повисока вредност од маскимално дозволената. Најзагаден месец бил јануари со вкупно 26 денови со концентрации на честички над максимално дозволените.Како најголеми загадувачи се идентификувани домаќинствата и институциите кои во текот на зимскиот период учествуват со 70 % од емисиите на ПМ честичките.

geosfera3

-Од направените анализи се констатира дека најголем процент на загадување емитираат домаќинствата поради тоа што консумираат огревно дрво кое што има висок процент на влага со што се создава многу голема колчина на ПМ честички, вели Ристов

 Во брошурата што ја објави Геосфера се наведува дека отежната околност за Битола е тоа што на растојание од 13 километри е еден од најголемите аерозагадувачи во државата РЕК-Битола, од каде според мерењата во 2012 на годишно ниво имало емисии на ПМ10 честички од 9257 тони, седум до осум пати повисоко од дозволените вредности. Воедно, исфрла сулфур диоксид шест до седум пати повеќе од дозволеното и големи концентрации на тешки метали.

Геосфера изработи и достави до општина Битола, 30 предлог мерки за намалување на аерозагадувањето-пошумување, изградба на велосипедски патеки, субвенционирана струја за битолчани и субвенционирање на печки на пелети, достава на сертицифирано огревно дрво со низок процент на влага, мерки што РЕК Битола ќе ги спроведе за намалување на загадувањето и др.

-Констатирано е дека само со примена на една од овие мерки, достава на огревно дрво со низок процент на влага, до летните месец, до август, ќе се намали аерозагаудвањето за 50 прценти. Голем дел од граѓаните се пожалија дека дрвата им се дпствауваат и во месец декември, што е една од главните причини за емитирање на ПМ честичките, затоа што влжаното дрво емитира некаде 7 до 8 пати повеќе ПМ честички од сеттифицирано дрво, рече Ристов.

Од локалната власт  велат дека сите предлози се доставени до надлежните служби и се разгледуваат

-Сериозно ги разгледуваме сите предложени мерки и што може да се спроведе од нив,  а соработката со Геосфера е со намера да се покаже еден успешен пример на соработка  меѓу оние кои ја водат политиката и граѓанскиот сектор. Длабоко сум убедена дека оваа соработка ќе има уште поголеми резултати во иднина. Она што го воочивме во нивното  истражување но и она што ние го имаме како сознанија, е токму аерозгадувањето од нашите домаќинства, што не се должи на тоа што граѓаните биле неодговорни, туку затоа што пред се државата не смогнала сили да направи друг систем за загревање. Не е по нивна вино, туку пред се на политиките кои што се воделе, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Во проектот на Геосфера учествуваа и ученици од 2 средни и 7 основни училишта со цел зголемување на еколошката свест кај најмалдите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани